недела, 15 ноември 2026
Најново

„ИТНО НАПУШТЕТЕ ГО ИРАН, ВЕ МОЛАМ СВАТЕТЕ ГО ОВА СЕРИОЗНО“ – Драматичното предупредување од европскиот лидер пристигна!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Полскиот премиер Доналд Туск денес апелираше до Полјаците веднаш да го напуштат Иран и да не патуваат во таа земја под никакви околности, бидејќи е многу реално да избувне конфликт.

– Не сакам никого да плашам, но сите знаеме за што зборувам. Можноста за избувнување на конфликт е многу реална . За неколку или неколку десетици часа, евакуацијата повеќе нема да биде опција. Ве молам сфатете го ова сериозно . Имаме претходно искуство дека некои луѓе ги игнорираа таквите апели – рече Туск во градот Желонка.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На тоа место во централна Полска, Туск присуствуваше на тестовите на нови беспилотни системи за оружје заедно со вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошњак-Камиш на воениот полигон.

Апел до Полјаците да го напуштат Иран објави и полското Министерство за надворешни работи, а на Полјаците кои долго време живеат и работат во Иран им беше препорачано да избегнуваат собири и места каде што се одржуваат протести.
The post „ИТНО НАПУШТЕТЕ ГО ИРАН, ВЕ МОЛАМ СВАТЕТЕ ГО ОВА СЕРИОЗНО“ – Драматичното предупредување од европскиот лидер пристигна! appeared first on Во Центар.

Поврзани вести