четврток, 12 ноември 2026
Најново

Итно предупредување: Од пазарот се повлекува играчка за бебиња поради опасност од гушење

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Европските власти предупредуваат на потенцијално опасна играчка за бебиња која е повлечена од пазарот, откако било утврдено дека може да предизвика гушење кај најмалите деца. Производот бил достапен и преку интернет-продажба, вклучително и на платформата Shein.

Предупредувањето го објави Европскиот систем за брзо предупредување за небезбедни производи (RAPEX), кој посочува дека играчката содржи силиконски ленти за влечење и испакнат дел што ги надминува дозволените димензии.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Поради тоа, постои опасност малите деца да го стават овој дел во уста, што може да доведе до задушување.

Надлежните утврдиле дека производот не е во согласност со европската Директива за безбедност на играчките, ниту со стандардот EN 71-1, кој ги пропишува безбедносните барања за играчки наменети за деца.

Бидејќи играчката се продавала и преку интернет, меѓу другото и на платформата Shein, родителите се повикуваат веднаш да престанат да ја користат доколку ја поседуваат и да ги следат процедурите за нејзино враќање или повлекување од употреба.

Поврзани вести