И вечерва граѓани пред Собрание

Граѓани и вечерва се собраа пред Собранието на Република Македонија за да изразат несогласување со потпишаниот договор за менување на уставното име на државата. Вечерашниот протест помина во мирна атмосфера и без инциденти.
Протестот почна во 20:00 часот со блокада на булеварот „11 Октомври“, а истовремено припадниците на полицијата се распоредија пред зградата на Парламентот.
Учесниците на протестот извикуваа оставка, го скандираа името на претседателот Ѓорге Иванов, а се слушаа и скандирања „Името не го даваме, Македонија на Македонците“.


На импровизирана бина граѓаните ги искажуваа своите ставови во врска со потпишаниот договор за името со Грција.
Дел од нив имаа замерки на интервенцијата на полицијата од пред два дена и велат дека се тука на мирен начин да го искажат својот револт од договорот.
Посочуваат дека нема да се откажат и најавуваат дека протестите ќе ги продолжат секој ден од 20 часот пред законодавниот дом се додека не се повлече договорот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.