Министерството за здравство ја информира јавноста дека според анализите што денеска ги направи МАНУ и на брисот од другиот пациент, кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2.
Инаку, сопружниците биле на одмор и покрај тоа што жената е медицинско лице вработено во болницата во Битола, а сè уште на сила е забраната за користење на годишен одмор, платени и неплатени отсуства на сите вработени во здравствените установи.
Брачниот пар од Битола пројавил симптоми на коронавирус два дена пред враќањето од Занзибар. 65-годишниот битолчанец со послаби симтоми на вирусот и со бубрежни оштетувања од понеделникот е хоспитализиран во струшката болница за нефрологија, а неговата сопруга, која има потешка слика на болеста е во стабилна состојба во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.