четврток, 12 ноември 2026
Најново

,,На мојот маж му пукаа во глава!” Милитанти отворија оган врз туристите во Индија, шокантни видеа го обиколија светот! (ВИДЕО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Едно лице загина, а седум се ранети откако милитанти денеска отворија оган врз група туристи во индискиот регион Кашмир.Нападот се случил во Пахалгам, популарна туристичка дестинација, на територија со мнозинско муслиманско население, пишува „Индија тудеј“.Според првичните информации, туристите планинареле до врвот на планината Баисаран во Пахалгам.

Индиската полиција соопшти дека нападот се случил во 14 часот и 30 минути, кога двајца до тројца вооружени напаѓачи дошле во униформи и по случаен избор отвориле оган врз туристите, пишува Блиц, пишува Танјуг.

– Мојот сопруг беше застрелан во главата додека во нападот се ранети уште седум лица – изјавила жена која го преживеала нападот, пренесе Hindu.com.

Жената, која не е идентификувана, апелирала за помош за евакуација на повредените во болница, пишува порталот.

Поврзани вести