Полициски службеници на СВР Тетово- Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (20 март) околу 19 часот и 50 минути на улица „Панче Поповски“ во Гостивар го лишиле од слобода 41- годишниот С.Ш. од тетовско Селце-Кеч.
Тој претходно бил пријавен од 30-годишна гостиварка, со која бил во љубовна врска, дека пред зградата во која живеела ѝ го одзел едно од двете малолетни деца и ѝ се заканил.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот