И еден метар под вода Венеција е волшебна

Поплавата како воопшто да не им пречи – туристи ги наполнија рестораните и плоштадите во Венеција иако се под вода.
Околу 70 насто од Венеција е под вода откако невремето во изминатите два дена донесе врнежи од дожд какви што со децении немало во овој италијански град. Нивото на водата во морето е поголемо за 150 сантиметри од вообичаеното, што е највисоко во последните 10 години.
Откако вода ги преплави познатите улици во Венеција фотографиите од градот не престануваат да шокираат. Туристите од таму јавуваат дека ситуацијата е неочекувана и по малку луда, но насмевките и пркосат на поплавата и говорат дека Венеција и еден метар под вода е волшебна. Иако водата навлезе секаде, во домовите, луксузните дуќани, кафеаните и бутиците тоа не ги спречи туристите да пазарат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.