И каматите на заштедите ќе се оданочуваат 

Проходите од камати на депозитите во банките од 2020. година ќе се одначуват и тоа исто така со стапка од 15%. Доколку од камати годишно заработувате до 250 евра нема да платите данок. За 50% повисок данок ќе има кај доходот од капитал, закупнините, дивидендите, приходите од осигурување, кои до сега се даночеа со даночна стапка од 10 насто. Од следната година и таа стапката ќе биде 15 %, како и таа на капиталните добивки, односно над 90.000 денари месечно.
Како што објасни министерот за финансии Драган Тевдовски прагот од 90.000 денари ги опфаќа 1% од најдоходовните граѓани во Македонија, за кои рече дека имаат даночна ефективна стапка која е пониска од онаа на останатите граѓани, заради што всушност и се воведува праведното оданочување бидејќи како што рече не е фер оние што добиваат од општеството најмногу, да плаќаат најмалку.
-Предлагаме воведување дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Ова значи дека за доходот до 90.000 денари месечно, данокот би останал 10% како и до сега, додека само на делот на доходот кој надминува 90.000 денари, би се плаќале дополнителни 8%. На пример, на месечна даночна основа од 100.000 денари, за 90.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 10%, додека за 10.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 18%- рече министерот Тевдовски и порача дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане иста.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.