Премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во „360 степени“ повтори дека во земјата на политички план постојат два концепта.
-Едниот концепт е за европска Македонија, политички партии, организации, институции кои што се за европска Македонија и придвижување на нашата држава во семејството на европските држави. Затоа што нашите граѓани, сегашни, идни генерации заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, меѓутоа тука дома во нашата држава, а не во некоја земја во туѓина на ЕУ.
Затоа што нашите граѓани заслужуваат да имаат европски пат, постојат низа објаснувања и низа на причини зоштои ни е потребно зачленувањето во ЕУ. И еве ќе ви дадам една споредба само, нашите граѓани веќе почнуваат да заминуваат на работа во Чешка, Словачка, Полска што не било замисливо порано, бидејќи ние сме имале повисок стандард од нив.
Но, самото членство на овие држави во ЕУ го издигна животниот стандард на неколку ката повисоко во однос на тоа што го имале. Нашите граѓани заслужуваат, ние треба да носиме одлуки баш заради иднината на сегашните и идните генерации, кажа премиерот.
Ковачевски нагласи дека од другата страна има концепт кој што е за изолација, концепт кој го предводи политичката партија Левица.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.