И Македонија до ЕУ достави еднострана изјава за јазикот

И Македонија до ЕУ достави еднострана изјава за јазикот, која ќе биде приложена кон записникот од првата политичка меѓувладина конференција. Претходно тоа го направи и Бугарија.

Во македонската изјава се наведува дека, како што е прoпишано во Уставот на Република Северна Македонија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на РСМ на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи.

„При склучувањето на било какви договори, спогодби и документи на Република Северна Македонија со Европската унија кои содржат јазична одредба со поименично наведување на сите официјални јазици на ЕУ, како што е договорот за соработка со Фронтекс, истите треба да се потпишат со поименично наведување на македонскиот јазик без било какви објаснувања, додавки или фусноти“, стои во изјавата за јазикот.

Во изјавата се наведува и дека во текот на преговорите се до нивното завршување и по приемот во ЕУ, земјава нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка. Со приемот на Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик треба да стане еден од службените јазици на ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи: