И обувките ви го откриваат карактерот

Доколку сакате да откриете колку обувките кои ги обожувате ви го откриваат карактерот доволно е да погледнете во шкавчето и ќе дознете многи работи.

Патики

Ја обожувате Одри Хепберн и го сакате класичниот начин на облекување. Сакате “Шанел“ чанти, софистицираност и се што е шик. Сметате дека патиките толку добро ви прилегаат и ги привлекуваат погледите на сите околу вас што знаете да ги обуете и со некој едноставен фустан. 

Сандали без потпетици

Сакате да пешачите и до крајот на летото најчесто ќе ве видат во рамни сандали. Себеси се вбројувате во екстровертните, луѓето ви веруваат, а пријателите често ви се доверуваат.  Повеќе сакате да разговарате очи во очи, отколку со мејлови да им се обраќате на блиските. 

Високи потпетици

Иако длабоко во срцето сте искрени и весели себеси сакате да се опишете како сериозна. Во кафуле наместо да озборувате со пријателките знаете да водите и сериозни разговори. За вечерни излегувања најчесто сте на високи потпетици, поточно во омилените салонки. И додека другите на деловни состаноци се најсигурни на пониски потпетици вам рамнотежа ви дава токму нивната височина.

Чизми до глуждови

Вие сте релаксирани и не се преоптоварувате со секојдневните проблеми. Повеќе сакате да уживате во концертот на вашиот омилен пејач или на патување во некое егзотично место. Уживате во авантури, практични сте и едноставни. Чизми до и над колена

Стилот на Џеј Ло и Бијонсе ве воодушевуваат. Сакате да ги истакнете своите облини со чизми до колена, а сметате дека тие над колената ја истакнуваат вашата женственост. Ако ги носите и на работа и во вечени прилики сметате дека ја истакнувате својата женственост.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.