И од здравата храна качувате килограми, овие работи мора да ги знаете

Фактот дека некои производи се здрави за нашето тело не значи дека тие не дебелеат.
Кои се секојдневните стапици заради кои накачуваме килограми?
Стапицата 1: Леб
Луѓето кои сакаат тестенини дневно јадат во просек по 4 кришки леб. Ограничете ја употребата на леб на максимум две парчиња дневно. Што да се јаде наместо леб? Житарки, тестенини и интегрален ориз.
Стапицата 2: Овошни јогурти
Многу луѓе сметаат дека овошните јогурти се диетални. Напротив, иако тие содржат малку калории, изобилуваат со шеќери кои се штетни за телото и дебелеат. Што да се јаде наместо ваков јогурт? Обичен јогурт со свежо овошје! Комбинацијата на свежо овошје со обичен јогурт е одличен начин да се спречи прејадување.
Стапицата 3: Бел ориз
Иако оризот навидум е здрава храна, тој не содржи влакна кои ќе ве одржат сити, а содржи високо ниво на шеќер. Што да се јаде наместо бел ориз? Заменете го белиот со кафеав ориз, така ќе заштедите на внесени калории и шеќери.
Стапицата 4: Топло какао без шеќер
Според истражувањата, луѓето кои пијат топло какао без шеќер во просек пијат дури 5 чаши на ден. Така, не внесуваат шеќери, но внесуваат голем број празни калории. Што да се јаде наместо какао? Изберете чоколаден пудинг, но ограничете се на само еден чоколаден пудинг.
Стапицата 5: Мусли за појадок
Истражувањата покажаа дека луѓето кои јадат корнфлекс или мусли за појадок внесуваат многу калорична храна. Особено оние кои јадат мусли комбинирани со овошје или чоколадо. Што да јадете наместо мусли? Одберете чисти житарици и млеко со ниска масленост. Така ќе внесете тројно помалку калории а ќе останете сити се до ручекот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.