И по толку години не го преболела: На тие години кога сакаш, навистина сакаш


“Дражен беше маѓепсан од Сања. Баш како и таа од него. Беа млади, популарни и слободни. Таа година тие двајца живееја еден за друг. Со товарот на славата двајцата знаеја да се справат. Одлично се разбираа, а за љубомора немаше место. Но одвоеноста го направи своето. Дражен играше низ светот, а Сања имаше и по 200 концерти годишно. Емоциите полека згаснаа, а по една година ја прекинаа врската. Тоа беше во 1986 година“, се присеќава Шкугор.
“И понатаму останаа блиски. Секогаш кога имаа слободно време се наоѓаа на ручек како пријатели. Останаа во добри односи и многу се почитуваа“, додава тој.
Дражен почина во сообраќајна несреќа кога имаше само 28 години.
“Беше навистина посебен. Страшно го доживеав неговото заминување. Се сеќавам на нашата последна средба на еден концерт“, се сеќава Сања.
Сања сè уште контактира со мајка му на Дражен, а вели дека песната на “Нови фосили“, “Још те волим“ ѝ е многу мила бидејќи ја потсетува на него.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.