Урнати се 14 дивоградби во Тенеќе маало во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- На ова место според програмата за комунална изградба на општината Кавадарци, планирано е да се продолжи со кејот на реката Луда Мара и подигање зелена површина – парк. Во расчистувањето на теренот е вклучена механизација од компаниите „Ја- Ми”, ,,Ас машини” и ,,Градба промет”, соопштија од кабинетот на градоначалникот.
Оттаму додадоа дека се поставени и нови канделабри околу зградите и детското игралиште во населба Бел камен. Канделабрите биле донација од компанијата ,,Кожувчанка”.
- Општина Кавадарци континуирано работи на уште подобро и ново улично осветлување, нагласија од Кабинетот на Јанчев.