КАВАДАРЦИ: Урнати 14 дивоградби во Тенеќе маало

Урнати се 14 дивоградби во Тенеќе маало во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

КАВАДАРЦИ: Урнати 14 дивоградби во Тенеќе маало
  • На ова место според програмата за комунална изградба на општината Кавадарци, планирано е да се продолжи со кејот на реката Луда Мара и подигање зелена површина – парк. Во расчистувањето на теренот е вклучена механизација од компаниите „Ја- Ми”, ,,Ас машини” и ,,Градба промет”, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Оттаму додадоа дека се поставени и нови канделабри околу зградите и детското игралиште во населба Бел камен. Канделабрите биле донација од компанијата ,,Кожувчанка”.

  • Општина Кавадарци континуирано работи на уште подобро и ново улично осветлување, нагласија од Кабинетот на Јанчев.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.