Кадаиф со ореви

500 г кадаиф
200 г толчени ореви
50 г суво грозје
150 г путер
300 г шеќер
200 мл вода
1 лимон
Во тава намрсена со путер нанесете половина од кадаифот. Наросете ги оревите измешани со сувото грозје. Попрскајте со растопен путер и нанесете го преостанатиот кадаиф. Попрскајте со преостанатиот путер и печете околу 40 минути на 180 степени.
Во тенџере на оган ставете ги водата, шеќерот и сокот од лимонот. Откако шербетот ќе зоврие прелијте го изладениот кадаиф. Оставете да го впие и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.