Каде живеат долговечните?

Дали знаете дека најголемиот број најдолговечни луѓе на планетата Земја живеат само на пет локации? Случајност?! Па, не би рекле! Постои можност, ако ги истражиме нивните навики, да ја откриеме формулата за долг и среќен живот…
Верувале или не, постојат места на кои луѓето ја доживуваат стотата година од животот со бистар ум, виталност и подвижност. Тие и на стари години уживаат во животот. Станува збор за жители на цели региони! Како е можно тоа? Дали на нив тестираат нови лекови? Или во храната додаваат тајни лековити билки? Можеби живеат во посебно изолирана и заштитена животна средина?


Одговорите на овие и на други прашања ги дава проектот „Сини зони“, кој во 2004 година го почна списанието „Нешнл географи“. На чело со истражувачот Ден Бутне, овој проект се занимаваше со истражување локалитети на кои живеат најголем број 100-годишни жители. Истражувањето траеше седум години, за време на кои научниците успеаја да пронајдат неколку такви зони и да ја откријат тајната на долговечноста и виталноста на нивните жители.


Бјутнер пронајде четири региони. Тие се Барбаџија на островот Сардинија во Италија, Окинава во Јапонија, градот Лома Линда во Калифорнија и полуостровот Никоја во Костарика.
На секое од тие места постои култура на живеење што довела до восхитувачки резултати: луѓето ги одржуваат здравјето и виталноста и во доцните деведесетти години од животот, па и во стотите, а поретко заболуваат од болестите што се вообичаени во современиот свет. Во просек, луѓето во сините зони живеат десет години подолго од жителите на најголемиот дел од планетата. Интересно е тоа што мажите живеат еднакво долго како и жените, што е необично, бидејќи во целиот свет жените живеат подолго.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.