Каде ќе нема струја, а каде вода денес?

Без струја денес од 8:30 до 11:30 ќе бидат корисниците од ул. „Димо Хаџи Димов” бр. 123 во Кисела Вода, а во оваа општина струја од 8.30 до 14.30 часот ќе немаат и корисниците на ул. „Јанко Мишиќ”. Најавениот прекин е заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) по известување добиено од „ЕВН Македонија”.
Електрична енергија денес ќе нема и во делови на Карпош – од 9 до 12 часот струја ќе немаат корисниците од ул. „Јурин Гагарин” со броеви: 24, 30, 36а, 44а, 52, 58 и 70, бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов” бр. 92, дел на ул. „Струшка” и ул. „Козле” од бр. 140 до бр.172, како и корисниците од објектите околу фирмата „Вериан ДООЕЛ” на бул. „Илинден”.
Од 12 до 14 часот во општина Карпош струја ќе немаат и корисниците од објектите околу фирмата „Дот мебел” на бул. „Илинден”.
РЦУК соопшти и за прекинато водоснабдување денес од 9 часот за корисниците на дел од улиците „Кирил и Методиј” и „Даме Груев” во општина Центар. Според известување од ЈП „Водовод”, прекинот ќе биде поради отстранување дефект на затворач на водоводна мрежа и ќе трае до завршување на интервенцијата. /МИА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.