Какаото и чоколадото се корисни за човековото здравје

Нутриционистите секогаш препорачувале дека слатките можат да бидат и здрави, но само ако не содржат премногу шеќер или други штетни состојки што го уништуваат имунитетот, меѓу другото.
Затоа, какаото е идеална храна за десерт – и со многу придобивки за нашето здравје. Се смета дека тоа е една од најхранливите намирници во светот, оти се знае дека има позитивно влијание и на мозокот.
Научен труд објавен во списанието „Сајентифик рипортс“ откри дека антиоксидансот флаванол во какаото кај луѓето – и млади и стари – го одржува крвоточниот систем, ја подобрува работата на мозокот и умстените функции.
Истражувачите од англискот Универзитет на Бирмингем и американскиот Универзитетот Урбана-Шампејн во Илиноис (САД), испитувале 18 возрасни мажи на возраст меѓу 18 и 45 години. Покрај полот и возраста, услов за учесниците било – да не пушат и да немаат историја на болести на мозок, срце, крвни садови или респираторни заболувања.


Мажите биле поделени во две групи – едните имале задача да консумираат какао богато со флаванол, а другите – преработено какао со многу ниско ниво на флаванол. Самите тие не знаеле какво какао пијат. Два часа по пиењето какао, истражувачите ги замолиле учесниците да вдишат воздух со целосна моќност – којшто содржи пет насто јаглерод диоксид, што е стандарден метод за стимулирање на мускулно-срцевата работа, за да се утврди колку брзо реагира телото.
– Нормална реакција на организмот на јаглерод диоксид, значи да го зголеми протокот на крв во мозокот, внесувајќи повеќе кислород и дозволувајќи му на мозокот да елиминира повеќе јаглерод диоксид. Оние кои пиеја какао со висока концентрација на флаванол, беа во можност да се одбранат од вишокот јаглерод диоксид, односно процесот на оксигенација (зголемен кислород и намален ЦО2) беше многу побрз. Оксигенацијата во оваа група се одвиваше три пати побрзо, објасни д-р Габриеле Гратон – една од авторите на истражувањето.
Групата со повеќе флаванол во какаото, ја надминувала другата група и во нивната способност да решаваат когнитивни тестови, а нивните резултати биле приближно 11 насто подобри.
Во крајна линија, квалитетно какао со високо ниво флаванол може да има многу придобивки за мозокот. Затоа, препораката гласи не избегнувајте десерти полни темно чоколадо – зашто тоа е и единственото чоколадо што прави да се чувствуваме добро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.