Каква ќе биде оваа зима?

Метеоролозите најавуваат сончево и натпросечно топло време со студени утра речиси до крајот на октомври. Според долгорочните прогнози, температури над 20 степени ќе имаме се до средината на идната недела за кога се најавуваат услови за наоблачување и можност за дожд. Тогаш се очекува температурите да се спуштат до околу 15 степени во текот на денот, а наутро некаде околу 5 степени.
Слично ќе биде времето и на почетокот на идниот месец. Температурите постојано ќе се движат околу 20 степени, времето ќе биде променливо облачно, а утрата ќе бидат студени со температури не повисоки од 7 степени.
Првите мразови по котлините може да се очекуваат кон средината на месец ноември кога температурите наутро ќе бидат неколку степени под нулата.
Во овој период според прогнозите постои можност за провејување на првиот снег, со оглед на очекуваната влажност и дневните температури кои нема да надминат 5 степени Целзиусови.
Значи според долгорочните прогнози зимата во првата половина ќе биде блага и без многу врнежи, со температури кои ретко ќе се спуштаат длабоко под нулата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.