Какви здравствени придобивки има пиењето неколку кафиња во денот?

Три или четири чаши на ден даваат најмногу придобивки, велат научниците, освен за жени кои се бремени или имаат зголемен ризик од фрактури.
Студијата, која ги спореди податоците од повеќе од 200 претходни студии, исто така откри дека пиењето кафе е поврзано со намален ризик од дијабетес, заболувања на црниот дроб, деменција и некои видови на рак.
Кафето е едно од најпопуларните пијалаци во светот. Барајќи подобро да ги разбереме ефектите врз здравјето, специјалистот за јавно здравје на британскиот универзитет во Саутхемптон, Робин Пул, водеше сеопфатна студија од тим на научници кои процесираа 201 студии за набљудување и 17 клинички студии врз основа на испитувања.


Сеопфатното истражување синтетизира претходни анализи за да обезбеди појасен преглед на различни истражувања на одредена тема.
Пиењето кафе е постојано поврзано со помал ризик од смрт од сите причини и од срцеви заболувања. Најголемо намалување на релативниот ризик од предвремена смрт е забележано кај луѓе кои пиеле по три чаши на ден во споредба со оние кои не пиеле кафе.
Пиењето повеќе од три чаши на ден не направи никаква штета, но корисните ефекти беа помалку изразени.
Кафето е исто така поврзано со помал ризик од повеќе видови на карцином, вклучувајќи рак на простата, карцином на матката, кожата и црниот дроб, како и дијабетес тип 2, жолчни камења и гихт, велат истражувачите. Најголема придобивка е пронајдена кај заболувања на црниот дроб, како што е цироза.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.