четврток, 12 ноември 2026
Најново

Какво време не очекува од понеделник?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето денеска во утринските часови ќе биде облачно со локален дожд, на повисоките места со дожд и снег, а на планините со снег.
Во текот на денот ќе има разведрување, во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи кои поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а на некои пониски места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.


Утринската температура ќе се движи во интервалот од минус еден степен до 3 степени целзиусови, а дневната од шест до 13 степени Целзиусови.
Во Скопје слично време. Утринската темература ќе се спушти до еден степен Целзиусов, а дневната ќе достигне девет степени.
Во вторник ќе има и понатаму услови за сосема слабо и локално провејување на снег, температурите на воздухот значително ќе опаднат и од вторник минималните ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени.
Да напоменеме дека следните денови на повисоките места и на планините ќе се формира снежна покривка која ќе изнесува од 10 до 20 цм, на планинските места и над 20 цм, локално и над 30 цм, таму пак каде што ќе има врнежи од дожд се очекува воден талог локално и над 20 л/м2.Исто така во некои од котлините има услови и за појава на замрзнат дожд.

Поврзани вести