четврток, 12 ноември 2026
Најново

Какво ќе биде времето за Велигден

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Поради југозападно струење на висина и присуство на прашина од Сахара можно е врнежите да имаат жолта боја.
Утринската температура ќе се движи од пет до 10 степени, а дневната температура од 10 до 17 степени.


Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 17 степени.
Во среда ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Од четврток до недела ќе биде значително потопло, но во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси.

Поврзани вести