Некои можеби мислат дека сексот останува ист сè до длабоката старост, но нашето тело е сложен механизам – како што е и нашата глава. Од тинејџерските години, па сè до средните 20-ти години од животот, телото е изложено на големи количини полови хормони, па повеќето луѓе секогаш се подготвени и желни.
Најчестите проблеми на помлада возраст кај мажите е предвремена ејакулација додека кај жените потешкотиите се поврзани со постигнување оргазам. Со влегувањето во 30-те години од животот тие се менуваат, но таа промена не е нужно полоша или подобра – едноставно треба да се прилагодите на неа.
1. Потребно е подолго време за возбуда, но и за оргазам
Бидејќи нивото на половите хормони во телото е помало, може да се очекува „возбудувањето“ да не трае само неколку секунди. Иако сексуалната стимулација стига до мозокот, потребни се барем 5 до 10 минути, за телото да дојде до состојба на вистинска возбуда.
Затоа, секако е подобро предиграта да трае подолго, а добрата вест за сите оние кои се жалат дека сексот со партнерот им трае прекратко е дека самиот чин во просек се продолжува од две до пет минути.
2. Оргазмот е почест
Ова првенствено се однесува на жените кои повеќе се задоволни од својот сексуален живот во 30-те, отколку во 20-те години од нивниот живот. Причината за повеќе и почести оргазми е подобро познавање на сопственото тело и поголема самодоверба, која овозможува и подобра комуникација со партнерот и „заведување“ во креветот. Така недамнешната студија на магазинот „Top Sante“, покажала дека преку 80% од жените во 40-те години од животот се поактивни во сексот, отколку во 20-те години.
3. Хормоните влијаат врз гениталиите
Влијанието на хормоните, начинот на живот, контрацептивите, разните пореметувања поврзани со болест на тироидната жлезда, заморот, депресијата и стресот имаат влијание на сексуалниот живот.
Имено, жените во 30-те години, покрај овие проблеми, можат да искусат потешко навлажнување, поради што не треба да се грижат, туку евентуално да ги истражат причините и да си ги го олеснат проблемот со подолга предигра и лубриканти. Кај мажите може да се се појави сличен проблем, може да имаат послаба ерекција, што може да биде последица од уринарни инфекции, стрес и хормони.
4. Сексот е поредок, но поквалитетен
Факт е дека луѓето имаат помалку секс кога ќе влезат во доцните 30-ти години, но тоа не мора да значи ништо лошо, бидејќи тоа е последица на обврските, родителството и хормоналното пореметување. Сепак, истражувањето покажува дека преку 70% од мажите и жените сметаат дека во овие години сексуалниот живот им е поквалитетен, сексот не се „одработува“, туку се ужива во него, како и тоа дека во него се внесуваат повеќе емоции.