Каков крај за Груевски!

Некогаш беше неприкосновен лидер на ДПМНЕ и на државата. Се тресеа партиските апаратчици кога ќе му се спомнеше името. На телефон кога разговараа стоеја мирно. Му се плашеа и на неговата сенка. Кога му се обраќаа го снижуваа гласот, го веднеја погледот накај земјата… Се чинеше дека е незаменлив, неуништив, поголем од животот.
За да после само две години се се смени до незамисливи димензии. Денеска Груевски е во бегство, со распишана потерница, со одземен пасош и со пресуда за затвор.
А во исто време течат и други судски процеси кои се закануваат да го заковаат во затвор во наредните 30 години. 
Каде се сега тие што веднеа глава? И што живееја на неговиот грб? Ги нема нити пред суд нити протестираат. Сачувај боже да објават статус во негова одбрана. Одамна ги избришаа фотографиите на фејс со него, а поитрите си ги избришаа и профилите…
Господе боже каков крај!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.