Како витамините од групата Б влијаат врз вашиот мозок?

Според истражувачите, витамините од групата Б (позната и како Б комплекс) е една од најважните групи на витамини особено кога е во прашање здравјето на мозокот. На сите нам ни е добро познато дека мозокот користи 20% од вкупната енергија на телото што го прави најактивен орган во организмот. Б витамините играат голема улога во одржување на енергетскиот метаболизам, поради што тие се прецизно регулирани со хомеостатските механизми на мозокот. Во продолжение прочитајте повеќе за здравствените придобивки на Б витамините врз здравјето на мозокот.
Како витамините од групата Б влијаат врз вашиот мозок?
Б витамините влијаат врз меморијата, клеточното сигнализирање, расположението и спиењето. Еве на кои начини влијаат врз зајакнувањето на централниот нервен систем:

  1. Ја подобруваат когнитивната функција
    Двата флавопротеински коензими добиени од витаминот Б2 или рибофлавинот – FMN и FAD се од витално значење за доставување доволно кислород до мозокот, неопходен за испраќање нервни сигнали и пораки до остатокот од телото. Без оваа група витамини, мозокот едноставно не би го добил кислородот и хранливите материи кои му се неопходни. Од друга страна, пантотенската киселина (витамин Б5), ниацинот (витамин Б3) и тиаминот (витамин Б1) ја одржуваат целокупната когнитивна функција преку подобрување на работата на мозочните клетки. Покрај тоа, Б витамините имаат антиоксидантски и антиинфламаторни својства кои се поволни за целиот организам.
  2. Го подобруваат расположението
    Повеќето Б витамини (меѓу кои тиамин, пантотенска киселина, фолна киселина, витамините Б6 и Б12) се вклучени во производството на невротрансмитери. Невротрансмитерите им помагаат на невроните да комуницираат меѓусебно и истовремено влијаат врз нашето целокупно расположение и ментално здравје. Еве дел од невротрансмитерите кои се синтетизираат благодарение на Б витамините:
    Серотонинот ги регулира расположението и чувството на среќа.
    Норепинефринот го подготвува мозокот за дејствување и ја подобрува концентрацијата.
    Допаминот влијае врз расположението, мотивацијата и чувството за награда.
    Гама-аминобутерна киселина се прикачува на одреден рецептор во мозокот за да произведе смирувачки ефект и порелаксирана состојба.
  3. Го подобруваат сонот
    Б витамините не само што ви помагаат да го подобрите расположението туку и да се смирите по напорниот ден за да може да имате мирен сон секоја вечер. Така на пример, Б6 витаминот ги претвора невротрансмитерите во мелатонин, хормон кој го контролира вашиот деноноќен ритам и вашиот распоред за спиење. Згора на тоа, биотинот ја регулира активноста на тироидната жлезда и надбубрежните жлезди за добар сон.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.