Сладоледот се чини е совршено задоволство за разладување на топол ден.
Но, дали е нешто што можеме да го јадеме секој ден, или сепак треба да го ограничиме неговото внесување до одреден степен? Како што објаснуваат диететичарите, уживањето во шолја или корнет сладолед може да ги возбуди нашите сетила за вкус, но и да влијае на нашето здравје на неколку начини.
Експертите сугерираат дека сепак храната која содржи додаден шеќер и заситени масти, како што е сладоледот, треба да ја јадеме умерено и внимателно. Во прекумерни количини, ова омилено летно уживање може да ги замени изворите на хранливи материи во нашата исхрана и со текот на времето да го зголеми ризикот од хронични состојби како што се срцеви заболувања, висок холестерол, дебелина или дијабетес.
Има неколку добри и лоши страни во секојдневното консумирање сладолед. Ова подразбира побрзо градење мускули, подобрување на расположението, но и зголемен шеќер во крвта, послаб квалитет на сон, особено несоница, дигестивни нарушувања, побавен метаболизам и зголемување на телесната тежина.