Италијанскиот анестезиолог Кристијан Салароли од болницата „Папата Јован“ од Бергамо испрати драматични апели до граѓаните на Италија во однос на коронавирусот. Во интервју за „Кориер Дела Сера“ тој раскажува дека ситуацијата е слична како во војна и мора да одлучуваат кого ќе лекуваат, а кого не.
Според неговите зборови, областа каде што се наоѓа Бергамо е едно од првичните жаришта на коронавирусот во земјата, а капацитетите во болницата каде што тој работи се речиси исцрпени.
– Во ситуација сме да мораме да правиме избор, во зависност од возраста и здравствената состојба на пациентите. Исто како во воени ситуации – посочува Салароли.
Лекарот посочува оти не сака да создава паника кај жителите и уапатува апел до сите граѓани да останат дома.
– Неуморно повторувам до сите да останат дома. Најдобар одговор на вирусот е граѓаните да не се движат премногу и во поглеми групи на луѓе – посочува Салароли.
Уште еден лекар од градот Бергамо на Фејсбук ги објасни проблмите со кои се соочува медицинскиот персонал во Италија. Станува збор за хирургот Даниел Манчини, кој се обиде да пренесе до жителите што се случува во Италија, особено упатувајќи порака до ние кои не водат грижа во однос на препораките.
– Битките се водат без прекин и дење и ноќе. Многу луѓе постојано доаѓаат да бараат помош. Одделите кои се испразнија, повторно брзо се полнат. Наместо хирушки операции, дијагнозата сега секогаш е иста – коронавирус – вели Манчини.
Тој упати порака до сите граѓани да бидат трпеливи, да не излегуваат од дома, а со тоа да бидат и емпатични кон повозрасните.
– Обидете се да бидете емпатични кон бројните повозрасни луѓе кои можете да ги убиете. Знам дека не сте вие виновни, но ве молам, послушајте нè и напуштајте ги своите домови само во итни случаи – вели тој.
Објавата на хирургот е споделувана илјадници пати на Фејсбук, а голем број Италијанци му се заблагодарија на советите.
Инаку, Италија во моментов е во целосен карантин поради коронавирусот, а на граѓаните им е дозволено да се движат само поради здравствени или професионални потреби.
Прочитајте на оваа тема и следново:
Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!
ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!
Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА
За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!
ИНФОГРАФИК ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ТУКА!!!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.