Луѓето кои носат очила сигурно знаат колку е незгодно во текот на овие ладни денови да влезат во топла просторија, каде очилата веднаш ќе им се замаглат, па мора да ги симнат за да ги исчистат.
Затоа, постои решение за овој проблем. Едноставно треба да ги следите инструкциите напишани подолу или да го гледате видеото.
Земете мека крпа и на неа ставете малку средство за миење садови. Со неа пребришете ги леќите на очилата. Оставете да се исушат околу петнаесетина минути, па потоа пребришете ги со крпа од микрофибер.
На стаклата ќе остане заштитен слој кој ќе ги заштити очилата од замаглување, што е посебно корисно во зимските ладни денови.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.