Како да ги научите децата да јадат повеќе зеленчук?

Дали секој оброк се борите со децата за да го изедат зеленчукот заедно со остатокот од јадењето? Многу деца ги поттурнуват брокулите или морковите наваму-натаму низ чинијата, други ги пробуваат и прават гримаси, а трети воопшто не ги погледнуваат.
Сигурно сте пробале најралични тактики досега, но најчесто резултирале со плачење или пак ќе успеете еднаш да го натерате детето да јаде зеленчук, но на сметка на тоа нема да јаде никогаш повеќе. Затоа треба да усвоите тактики со кои децата ќе го засакаат зеленчукот и ќе сфатат зошто е добар за нив.
Разубавете го јадењето со зеленчукот
Насечкајте го зеленчукот во форма на конфети или спирали и украсете ја порцијата храна со разни форми од разнобоен зеленчук и на тој начин направете го зеленчукот попривлечен. Декорирањето на храната со зеленчук ќе го привлече љубопитното детско око и ќе ја разбуди неговата фантазија.
Дајте му избор на детето
Ако му форсирате да јаде одредени парчиња зеленчук со оброкот, детето може да создаде аверзија. Наместо тоа, направете го јадењето зеленчук еден вид игра во која детето ја има контролата – Дајте му да избере од повеќе видови зеленчук и нека учествува во изборот на јадењето и подготовката на оброкот. На тој начин ќе се чувствува корисно и дека прави нешто за себе.
Пире од сѐ и сешто
Децата побрзо би изеле нешто во форма на пире отколку во парчиња. Оваа техника чувајте ја за во деновите кога немате многу време на располагање за декорирање чинии или играње кујнски игри со детето.
Смути пијалаци
Слично како со пирето, во смути пијалаците може да ставите сиров зеленчук и да го помешате со овошје, да го ставите во забавна чаша и на тој начин да го направите целиот процес попривлечен за детето. Исто така, замолете го да ви помогне во припремата и давајте му информации за секој зеленчук зошто е добар за здравјето, на пример спанаќот има железо и тоа дава сила, морковите се добри за видот и слично.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.