КАКО ДА ГО ПРЕЖИВЕЕТЕ ПРВИОТ ДЕН НА РАБОТА ПОСЛЕ ОДМОРОТ

Враќањето на социјалните активности по изолација поради вирусот корона може да биде доста стресно. Ако се чувствувате како да сте на првиот училишен ден кога излегувате со пријателите или одите на работа, не грижете се – не сте единствените.
Јогата помага
Експертите велат дека таквото чувство е само привремено и ќе исчезне со постепено враќање во нормален живот. Но, постојат и други начини кои можат да ви помогнат да го поминете овој период.
Многу луѓе го решија стресот од пандемијата преку медитација и јога, а овој вид на рекреација исто така може да биде корисен за ублажување на вознемиреноста при враќање во стариот општествен живот. Истражувањата покажаа дека медитацијата ги менува областите на мозокот кои се поврзани со стресот – на долг рок, а јогата исто така има многу придобивки.
Одете во парк пред работа
Излегувањето од дома не мора секогаш да биде во друштво. Можете, на пример, да останете сами во природа. Одете во парк или исклучете го телефонот и одете на планинарење.
Најважно е сами да одлучите што сакате. Истражувањата покажаа дека поставувањето граници во работата и личниот живот може да помогне во борбата против стресот. Во процесот на ресоцијални промени, луѓето можат да си го олеснат животот со тоа што ќе кажат „не“ кога е потребно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.