Како да го препознаете недостатокот на магнезиум во организмот?

Магнезиумот е многу значен за организмот, тој е најранливиот микролемент и е лесно разградлив. Во минатото, само еден дневен оброк ја содржел дневната количина, додека пак денес го има само во трагите.
Освен тоа, недостатокот на магнезиум се должи и на стресот, лошата исхрана и интензивниот начин на живеење.
Најчестите симптоми на недостаток на магнезиум се одразуваат на следниот начин:
– склоност кон депресии
– раздразливост, вознемиреност, промени во расположението
– будење во текот на ноќта поради грчеви


– сувост на грлото
– низок крвен притисок со појачан пулс
– треперење и стравови
– ниска толеранција кон вирусни и бактериски инфекции
Треба да знает дека нивото на магнезиум значително опаѓа во периодот меѓу април и октомври.
Најдобро е да се земаат додатоци со магнезиум особено во комбинација со витамин Б6. Тоа е така бидејќи продираат во клетките и остануваат таму. Ваквата комбинација помага во олеснување на ПМС тегобите кај жените, намалената нервоза и стрес, и ја подобрува работата на нервниот и срцевиот систем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.