Како да го усреќите вашиот партнер

Знаеме дека сакате да го усреќите вашето момче, па побаравме од експертите да ни кажат пет лесни начини како да го сторите тоа. Овие совети се толку едноставни што може да се применат веднаш, а момчето наскоро ќе ве смета за најдобрата девојка на светот.
Оставете го малку сам
Не цело време. Но, кога ќе дојде дома од работа или кога е под стрес околу нешто, тој најмногу би сакал некое време да биде сам и во тишина. Кога девојката ќе препознае дека му треба простор, тој ќе го цени тоа и ќе и биде благодарен.
Допуштете му да биде “главен”
Мора да признаеме дека момчињата сакаат да имаат контрола. Обидете се да ја отфрлите потребата секогаш да бидете во право (дури и кога веројатно сте). Понекогаш едноставно мора да му дозволите да изберете ресторан или филм без вметнување на вашата “подобра” идеја. Ова ќе му помогне да се чувствува важен и ќе добие впечаток дека му верувате.
Подгответе му секси изненадување
Можеби секси долна облека не е вашиот прв избор, но момчињата тоа не го бараат постојано. Сепак, да излезете од удобната зона понекогаш е пожелно. Најдете се некаде на пијачка и дочекајте го во мал црн фустан или изненадете го појавувајќи се во секси градни. Тој ќе знае дека тоа сте го направиле само заради него.
Слушајте го  кога ви зборува за проблемите
Примамливо е да ја преземете контролата кога дечкото е депресивен поради нешто, но чекајте. Обидете се да не го решавате неговиот проблем или да го советувате како вие би го решиле доколку сте на негово место. Нека зборува, слушајте го и бидете му поддршка. Решавањето на неговиот проблем ќе ја навреди неговата машкост. Се што тој сака е малку женско внимание – слушајте го, прегрнете го и оставете го да воздивне.
Дајте му на знаење дека го посакувате
Нема потреба да бидете отворено секси за да го убедите вашиот дечко дека го посакувате. Обидете се со суптилни движења, на пример, случајно нека ви се лизна раката помеѓу неговите препони додека вози, додека гледате филм или на маса додека вечерате. Знаејќи дека тој ви е сексуално привлечен ќе го усреќи како ништо друго.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Знаеме дека сакате да го усреќите вашето момче, па побаравме од експертите да ни кажат пет лесни начини како да го сто

Пронајдете не на следниве мрежи: