Како да испечете сочен пилешки стек во рерна?

Пилешките гради не содржат многу маснотии, па затоа е многу тешко да се испечат во рерна, а да останат сочни.
Пилешкото месо е една од најчесто користените намирници во секоја кујна, бидејќи е здраво, евтино и лесно за подготвување.
Во 100 грама бело пилешко месо без коски има: 165 калории, 31 грам протеини, 4 грама масти (од кои 1 незаситени), 74 мг натриум.
Само 100 грама пилешко месо дневно ги задоволува дневните потреби за железо, а ќе внесете и значителна количина витамин Б и цинк.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да направите пилешко месо во рерна како вистински гурмани.
Основниот трик е да ставите хартија за печење над месото и потоа да го ставите месото во рерна. Хартијата има ефект налик на кожа и спречува сушење на месото. Пилешкото се пече во сопствените сокови, и како резултат добивате сочно месо.
За да подготвите сочно пилешко во рерна, ви требаат:
путер или маслиново масло
неколку парчиња пилешки гради
сол и црн бибер
зачини по желба
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Подмачкајте го плехот/садот за печење и едната страна од хартијата за печење. Исушете ги пилешките гради (исечени на стекови или цели) со хартиен бришач и намачкајте ги малку со масло или путер. Додадете сол, бибер и зачини по вкус.
Потоа наредете го пилешкото на плехот/садот за печење, а може да ставите свежи зачини или лимон помеѓу парчињата месо. Покријте го месото со хартија за печење така што подмачканата страна е на долната страна. Добро притиснете ги краевите на хартијата за да не излегуваат од садот. Печете го месото околу 30-40 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.