Двата слатки збора “те сакам“ на мажите не им значат толку , како на жените. Тоа е затоа што жените се вербални, а мажите визуелни. Додека тие се занимаваат со анализирање, мажите дејствуваат импулсивно.
– Доколку забележи дека во текот на разговорот сте фрлиле поглед на мобилниот телефон, тоа ќе го протолкува како знак дека не ви е важен, појаснува брачниот терапевт и психолог Мајк Доу. Тоа е пред се поради тоа што машкиот мозок е програмиран истовремено да може да извршува само една работа, додека жените можат да извршуваат повеќе работи одеднаш. Со насочено внимание кон него и со директно гледање во очи вие му порачувате: “Ти си ми приоритет и те сакам“. -Старата поговорка дека патот до машкото срце води преку желудникот е точна, изјави Доу и додаде дека кога без да го прашате ќе му го подготвите омиленото јадење, сте му покажале дека ја знаете неговата душа, а тоа за него е љубов.
Ќе му кажете “те сакам“ доколку долгото водење љубов понекогаш го замените со брз секс, а кусиот бакнеж за разделба со прегратка, која трае долги седум секунди, советува брачниот партнер Карин Голдстајн.
Сака да биде заштитник, но брзо ќе се засити од принцезата
Со чувството дека ви е потребен и дека сте зависни од него тој чувствува дека го сакате. Меѓутоа тоа не значи дека морате да глумите принцеза на зрно грашок. Бидете му потпора во моментите кога треба да покажете одлучност.
Црвениот фустан и малку шминка повторно ќе го заведат
Машкиот мозок реагира на визуелните сигнали многу повеќе од женскиот. Доколку облечете секси фустан тој тоа ќе го преведе како: “Те посакувам и се трудам да изгледам убаво за тебе“. Освен тоа, жените во црвено се вистински афродизијак за мажите.
“Те сакам таков каков што си и не сакам да те менувам
Предложете му денот да го мине релаксирајќи се со пријателите, со видеоигри, полирајќи го својот автомобил или едноставно спиејќи. Со тоа ќе му покажете дека ја има вашата поддршка, но и слобода да биде тоа што е и да се покаже во најдобро светло. Денот без грижи и обврски за него е вистински подарок од срце.
Доколку ги крие проблемите, бидете му потпора
Проблемите на работа или кавгите во семејството влијаат на него повеќе отколу што мислите. Поттикнете го да се отвори и сослушајте го какви грижи и проблеми го мачат, но не обидувајте се да ги решите. Со тоа му покажувате дека го сакате, но и дека не го сметате за слабак.
Компилиментот е воодушевување, а воодушевувањето за него е знак на вистинска љубов
Дајте му до знаење дека во вашите очи е токму таков каков што би сакал да биде – заштитник, мајстор за се, виртуоз во сексот и ваш принц на бел коњ. Со комплиментот на сметка на неговиот изглед и сила покажете му дека му се воодушевувате, а тоа за мажот е израз на љубов.
“Ти благодарам“ е често пати помоќно од “те сакам“
Кога ќе го однесе детето на училиште или ќе го фрли отпадот кажете му: “Го ценам тоа што го стори“, советува брачниот и семеен терапевт Карин Голдстајн. Едно мало “благодарам“ ќе направи големи промени во вашиот однос и ќе му даде “инјекција на добра енергија“, пишува “24 сата“.
Грижата за здравјето ја слуша како: “Сакам долго да бидеме заедно“
Намалете го стресот, јадете здраво, вежбајте и оставете ги цигарите. Со грижата за себе на партнерот му покажувате дека го сакате. Тој меѓу редови ја чита пораката: “Сакам долг и прекрасен живот со тебе, па затоа правам се што е потребно за тоа да го остварам“.
Со прашања покажете му дека ви е потребен
Доколку побарате совет од него, му покажувате дека имате доверба во него и дека тој е вашата потпора во животот. Откако ќе го реши проблемот мажот се чувствува корисен и способен.
Пронајдете не на следниве мрежи:


