Како да направите полнети круши?

Погледнете го овој рецепт за полнети круши кои ќе им се допаднат на сите оние кои го сакаат слаткиот вкус на мед и овошје.
Како да направите полнети круши?
Потребни состојки:
2 зрели круши
2 и пол лажици мед
половина лажичка цимет
1/4 лажичка морско оревче
120 милилитри јогурт
1 ванилин шеќер
2 лажици сечкани ореви


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 °C. Исечете ги крушите на половина и извадете ја средината. Во садот за печење ставете хартија за печење, па ставете ги крушите, премачкајте ги со мед и посипете ги со цимет и со морско оревче. Можете да додадете и суво овошје, по желба. Печете ги крушите 30 минути и извадете ги да се изладат.
Додека се ладат, направете смеса од јогурт, ванилин шеќер и ореви и пополнете ги крушите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.