Како да носите црн кармин, а да не изгледате како вештерка?

Црниот кармин е во мода, но е неблагодарно да го носите ако не сакате да ве гледаат како вештерка. Ова е трикот за него.
Пред да го нанесете, на уасните ставете балсам кој ќе ги хидрира. Почекајте 5-7 минути за добро да се впие. Карминот на овој начин најдобро се нанесува.Ако сте се одлучиле за црн или темен кармин, очите би требало да се речиси без шминка. Нанесете маската која убаво ќе ги истакне вашите трепки, а може да се одлучите и за сенка во некоја неутрална нијанса.


Тенка четка може да ви помогне карминот да го нанесете прецизно. Ставете малку кармин на четката и нанесувајте од надворешниот дел на усната кон срединат.
Темниот кармин сам по себе е доволен. Ако на усните ставите и сјај може да биде премногу. Одлучете се дури и за мат варијанта.
Моливчето за усни нанесете го после карминот. Можеби звучи чудно, но холивудските шминкери тоа го препорачуваат. Моливчето треба да биде во иста боја со карминот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.