четврток, 12 ноември 2026
Најново

Како да препознаете дека не сте ја преболеле старата љубов?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Раскинувањето може да биде многу болно и тешко, особено ако сте биле оставени ненадејно од партнерот и тешко е да се каже кога сте навистина подготвени да продолжите понатаму и да почнете нова врска.

Одговор на ова прашање се обидоа да дадат група научници кои според нивното истражување објавено во списанието The Journal of Positive Psychology велат дека треба да поминат 11 недели за да ги почувствувате предностите од раскинувањето.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Меѓутоа, што ако после тие 11 недели уште мислите на старата љубов? Дали сте ја/го преболеле ќе ви одговорат овие три знаци:

Следење на социјалните мрежи: Добро размислете дали сакате да бидете онаа личност која ги „прогонува“ бившите на социјалните мрежи и не може да живее со сознанието дека тој/таа има нов/а девојка, односно дечко. Ако се „фатите на дело“ најдобро е да го/ја избришете од листа на пријатели на Facebook и да го/ја отследите од Twitter и Instagram.

Во виното не е вистината: Ако сте се обиделе да ја удавите тагата во алкохол и помислувате на старата љубов кога сте поднапиени, уште не сте преболеле. Тоа само резултира со неславни пијани повици и пораки пратени доцна во ноќта, за кои подоцна ќе се каете. Без разлика дали ќе добиете негативен одговор или ќе се видите „за старите добри времиња“, ваквите потези се на ваша штета.

Правите споредба: Сте решиле да продолжите понатаму, но сѐ што прави новиот партнер го споредувате со однесувањето на стариот. Тоа е знак дека не сте ја преболеле врската и само го трошите своето време, а и времето на новата личност. Уште полошо, ако се забавувате со некого само бидејќи ве потсетува на бившата/бившиот, имате сериозен проблем.