За да се зачува овошјето и зеленчукот, особено јаболката, во текот на зимата, често се третираат со разни хемикалии кои можат да бидат опасни по здравјето. И дали е безбедно да се јада вакви плодови заедно со кората?
Пролетта официјално започна и понудата на пазарите и во маркетите вклучува овошје и зеленчук кои биле чувани цела зима. За да издржат што подолго јаболката се третираат со восок, глицерин, парафин, калциум хлорид, а најопасна од сите овие материи е дефинилот. Бидејќи, всушност, ова е производ произведен со рафинирање на нафта, тој има тенденција да биде канцероген.
За тоа како да се заштитите од труење од јаболка и други плодови кои се прскани, имаат зборувано многу експерти, а првиот чекор е да се мијат во топла вода, во која може да додадете дури и сода бикарбона.
Кои видови се најбезбедни?
Доколку на пазарот купувате „домашни“ производи од докажани продавачи и за кои знаете дека не користат никакви хемикалии, можете едноставно да ја измиете кората од нечистотија и насобраната прашина. Ако ги купувате во продавница, кога навистина не знаете дали се третирани со хемикалии, се препорачува во секој случај да ја излупите кората.
Последиците од консумирање на храна која е полна со хемикалии може да бидат многу опасни и да доведат до тешко труење. Сепак, постои и друга страна на овој проблем. Ако го излупиме јаболкото, тогаш всушност го фрламе главниот извор на витамини А и Ц, калциум, фосфор, железо и корисни антиоксиданси.
Постојат неколку трикови за да одредите колку е токсичен зеленчукот или овошјето. На пример, кога ќе исечете јаболко, ако видите дека брзо потемнува, можете безбедно да го јадете со кората. Карцитинот во комбинација со витамин Ц ги спречува слободните радикали да го оштетат телото.
Корисна кора и друго овошје и зеленчук
Витамините Ц и П и големо количество пектин се складираат во кората на лимонот. Но, оваа храна може да се третира и со хемикалии за да се продолжи рокот на траење, па затоа треба многу темелно да се измијат пред да им ја отстраните кората. Ќе ви помогнат топла вода, сода бикарбона и детергент.
Како да знаете дали се прскани краставицата и доматите?
За да одредите дали зеленчукот има пестициди, исечете ги краставицата и доматот за да погледнете каква е внатрешноста. Обично краставиците и доматите со токсини имаат жолтеникави ленти, а во центарот има жолт дел.