Како да престанете да јадете кога сте под стрес?

Секој од нас на различен начин се справува со стресот – некои луѓе грицкаат нокти, други се затвораат во соба додека да им помине, трети го ублажуваат стресот со храна.
Јадењето е вообичаен механизам кога сте под стрес, но е многу лош начин да се борите со него. Нутриционистите истакнуваат дека ова може да се случи на секого, но ве советуваат да внимавате бидејќи ако не се контролирате ќе имате сериозни пореметувања во исхраната и сериозни здравствени проблеми.
Луѓето кои јадат под стрес се прејадуваат, а ова резултира со појава на вишок килограми. Стресот настанува поради реакција на хормонот кортизол кој го зголемува шеќерот во крвта и телото бара повеќе шеќер. Поради тоа многу луѓе имаат потреба за слатка храна полна со јаглехидрати, калории и масти. Честото консумирање на оваа храна доведува до прекумерна дебелина.


Прошетката е најлесен начин да се смирите и да не јадете. На тој начин се произведува ендорфин. Доволни се само 10 минути за да го намалите стресот и да го намалите гладот.
Тргнете го телефонот
Кога сте под стрес, оставете ги мобилните бидејќи скролањето нема да ви помогне. Наместо тоа, заминете во теретана, јавете се на некој пријател, уживајте гледајќи ја омилената серија или филм или читајќи ја омилената книга.
Одморете се
Наместо да јадете, подобро е да дремнете. Стресот може да доведе до прејадување. Но добриот сон може да го намали стресот, а со тоа и внесот на храна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.