Како да се будите полесно секое утро

Секој човек има различен начин на будење наутро. Зa најголем дел од луѓето, тоа е најтешкиот дел од денот. „Snooze“ копчето не е пријател во тие моменти, затоа што досега многупати е докажано дека повеќе одмага, отколку што помага.

Се верува дека и генетиката игра улога во ова, некои луѓе се генетски програмирани да функционираат подобро навечер, отколку во утринските делови од денот. Им треба повеќе сон за нормална функција.

Некои студии покажале дека ранобудниците имаат позитивен став во животот, а објаснувањето за тоа е дека имаа поголема изложеност на сонце, односно дневното светло кое го поттикнува хормонот на среќа – серотонин.

Ако не сте утрински човек, најдете најдобар начин кој вам ќе ви одговара да се разбудите. Можете да пробате неколку варијанти и да ја најдете најсоодветната за вас.

Еве неколку предлози:

Ако си легнувате кога сте заморни, многу веројатно дека брзо ќе заспиете и утрото ќе се разбудите наспани и одморни. Ако пак одите во кревет кога ќе достигнете ниво на премореност, тогаш преголемиот замор нема да ви дозволи веднаш да заспиете, мислите ќе ви лутаат и утрото ќе се разбудите уморни.

Наместете го алармот во соодветно време, без да користите snooze опција, бидејќи како што споменавме погоре, тоа само ќе ви направи поголема штета, односно ќе се разбудите поуморни и нервозни. Добро е будилникот да го ставите подалеку од креветот, за да станете кога ќе заѕвони и да се разбудите полесно.

Уште една варијанта е да ги подготвите алиштата од вечерта, торбата исто така и се она што ви треба. Утрото кога ќе станете, се да ви биде на дофат.

Полека истегнете го телото додека сте во кревет, а повторете ја постапката кога ќе станете. Дишете длабоко, од стомакот, бидејќи доводот на кислород е важен да побрзо будење.

Напите се една чаша вода, а потоа ако сакате и кафе. Дајте му шанса да организмот да се разбуди полека.

Психолозите препорачуваат будење со тивка музика, бидејќи силниот звук на будилникот може да ве вознемири и да го шокира вашето срце. Агресивната музика предизвикува агресивно однесување.

Утринското туширање со топла вода, не жешка, има одличен ефект за будење, но и за вашето здравје.

Храната нека биде составен дел од утрото, бидејќи тоа е уште еден начин да му помогнете да се разбуди и да го фати ритамот на денот.

Пробајте да ги практикувате овие работи и ќе забележите промена во дневното функционирање.

Пронајдете не на следниве мрежи: