Како да се ослободите од подочниците со помош на кора од банана?

Со овој проблем се соочуваат многу мажи и жени и не успеваат да ги покријат подочниците ниту со помош на козметика. Меѓутоа, има некои природни состојки кои можат да ги ублажат подочниците.
Екстрактот од банана може да се пронајде во многу креми бидејќи содржи калиум. Калиумот може да ви помогне во хидратација и да спречи задржување на течноста во кожата што е одлично за намалување на подочниците.
Бананите содржат и витамини Ц, Е, Б и А, антиоксиданти кои ги неутрализираат слободните радикали и да ја направат кожата мека и мазна.
Како да направите маска од кора на банана?
Доколку сакате да направите маска извадете ги белите влакна од внатрешниот дел на кората. Промешајте со алое вера и намачкајте под очите. Оставете околу 5 до 10 минути, а потоа измијте со млака вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.