Како да средите сè по дома за само 30 минути?

Секој сака домот да му е чист и уреден, но за да ја постигнете оваа цел секогаш ви недостасува време.
Ако пеглате алишта, нема време да се подготви ручек, ако ги чистите прозорците, кога ќе одмарате… За да ги извршите сите домашни работи во исто време, ќе ви откриеме 12 совети како да си го организирате времето без да папсате од работа.

За да имате викенд без домашна работа, направете по малку секој ден во неделата:

ЗАДАЧИ ОД 15 МИНУТИ:
ЧИСТА И УРЕДНА КУЈНА
Користете марамчиња за дезинфекција за еднократна употреба. Избришете ги сите работни површини, малите апарати за домаќинство, шпоретот. Потоа фатете го џогерот и исчистете ги подовите.

ЧИСТЕТЕ ГИ КРЕВЕТИТЕ
Исчистете ги сите делови подеднакво со правосмукалка. Обрнете внимание на перниците и задниот дел од креветот, каде често се акумулира прашина.

НАМЕСТЕТЕ ГО КРЕВЕТОТ
Отстранете ја целата постелнина, исчистете го душекот со правосмукалка, проветрете ги перниците. Нечистата постелнина ставете ја во машината за перење, заменете ја со нова. Исчистете ја со правосмукалка и просторијата, особено областите околу вратите и прозорците.

ЗАДАЧИ ОД 10 МИНУТИ:
ВРАТЕТЕ ГО СЈАЈОТ
За да ги исчистите огледалата и ТВ екранот, избришете ги со малку влажна крпа од микрофибер. На крајот, избришете ги со сува крпа.

„ОСЛОБОДУВАЊЕ“ НА АБАЖУРОТ
Доколку на вашата омилена светилка имате абажур на кој лесно се „лепи“ прашина, користете детска четка за темперни бои и со неа лесно ќе стигнете до сите места каде што се заглавила прашина.

ЗАБРЗАЈТЕ ГО ВРЕМЕТО НА ЧИСТЕЊЕ НА ВЕНЕЦИЈАНЕР ЗАВЕСИТЕ

Користете стар, но чист чорап – ставете го на раката и поминете преку лентите со лесни движења.

ЗАДАЧИ ОД 5 МИНУТИ:
„ПРЕЧЕШЛАЈТЕ“ ГИ СЕДИШТАТА
Ако имате деца, тогаш не ви е непознат фактот дека подот не е единственото место во кујната каде што се таложат трошки после оброк. Четкајте ги столовите, седиштата, а потоа и потпирачите за грб со мека четка.

СТОП ЗА БАКТЕРИИТЕ
Попрскајте ги вратите, рачките, слушалките на телефоните со средство за дезинфекција. Не штедете на кујнските елементи, ниту на вратите на фрижидерот.

ИЗБРИШЕТЕ ПРАШИНА
Намокрете памучна крпа и поминете преку рамкиТЕ за слики. Не заборавајте на задниот дел на телевизорот, кој е неверојатен магнет за прашина.

ЗАДАЧИ ОД 1 МИНУТА:
ИСФРЛЕТЕ ШТО Е ВИШОК
Ако на вашата масичка седат долго време куп списанија и кои немате време да ги погледнете, тогаш фрлете ги во корпа за отпадоци во рок од 60 секунди.

ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ТОАЛЕТ
Истурете оцет во одводите и тоалетот, почекајте и истурете топла вода. Сè ќе блесне!

МИРИСНА КАНТА
Истурете освежувач, што и да имате во домот, а потоа додадете две коцки мраз во кантата. Ќе се ослободите од сите непријатни мириси.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.