Први мај е идеално време да уживате во скара со пријатно друштво.
Многу луѓе решаваат да го поминат слободниот ден на скара со пријателите или семејството.
За вистински гурмани: Скараџиски трик за сочни плескавици
Сепак, по пријатен ден и вкусна скара, сигурно се прашувате како најлесно да ја исчистите решетката за скара и да ги отстраните маснотиите и непријатните мириси.
Сакате следниот пат кога ќе се соберете за скара да поминете повеќе време во дружење отколку во подготовка и чистење на решетката, затоа ви треба брзо и ефикасно решение за чистење.
Има неколку лесни трикови со кои брзо ќе ја исчистите решетката.
Сода бикарбона
Сода бикарбона е сојузник во секое чистење, па затоа ќе биде корисна и за скарата. Едноставно земете сода бикарбона, измешајте ја со вода во размер 1:3, а потоа исчистете ја решетката со сунѓер и мешавината од сода бикарбона и вода.
Оцет и вода
Ќе можете многу лесно да ја исчистите скарата со алкохолен оцет. Измешајте вода со оцет во еднаков сооднос, а потоа ставете ја решетката во вреќа за ѓубре и додадете ја смесата со вода и оцет. Оставете ја решетката за скара во вреќата да отстои преку ноќ за да ги разградите маснотиите. Не заборавајте следниот ден да ја исплакнете решетката со вода.
Оцет и црвен кромид
Најдоброто решение за чистење на електричната скара е да користите оцет и црвен кромид. Прво, загрејте ја скарата и посипете ја со бел оцет за да се раствори маснотијата што е можно побрзо. После тоа, ќе ја отстраните маснотијата поминувајќи ја површината со преполовена главица црвен кромид. Потоа со стуткана алуминиумска фолија исчистете и на крај исплакнете со вода.