Фантастичната линија на Џенифер Лопез се должи како на редовните тренинзи, така и во голем дел на нејзината исхрана. Латино дивата е љубител на здрави салати, а салатата со кељ е честопати на нејзиното мени.
Потребни состојки:
1 помала главица кељ
1 голема лажица рендано сирење
¼ кромид
2 големи лажици маслиново масло
2 големи лажици лимонов сок
½ шолја тостирани (потпечени) семки од тиква
Сол и бибер
Подготовка:
Одвојте ги листовите од кељот и отстранете ги со нож цврстите коренести делови од средината. Пресечете ги на ситни парчиња и ставете ги во сад за салата.
Помешајте ги сите состојки. На здравје!