Како да ја подобрите заштитата на вашите веб-страници и апликации? – Втор бесплатен вебинар

Хакирањето на вашиот корпоративен веб-сајт или апликација може многу негативно да се одрази на вашиот бизнис – не само што може да повлијае финансиски, туку може да доведе и до кражба на чувствителни, лични податоци, податоци за плаќања, како и рушење на угледот на компанијата. Сето тоа може да има сериозни последици кои може да ги спречите навреме доколку примените мерки за сајбер-безбедносна заштита. Како најефективно да го направите тоа?

Бидете дел од вториот бесплатен вебинар на тема „Безбедност на веб-апликации“ кој го организира Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT со поддршка на DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governanceи добијте ги одговорите на сите ваши прашања.

Вебинарот ќе се одржи на 10.12.2020 со почеток во 10 часот. Ќе бидат разработени теми како што се: важноста на вклучувањето на безбедносните контроли и мерки во веб-страниците и апликациите, сајбер-напади поврзани со веб-страници, ризици и предности на самостојно хостирање и поставување на веб-сајтови на клауд и други теми… Со цел ефективно и практично учење и размена на искуства, ќе биде вклучена и дискусија на која ќе може да се поставуваат прашања од областа.

Експерти од областа кои ќе учествуваат како предавачи на овој вебинар се г-дин Владан Бабиќ и г-дин Душан Вигњевиќ.

Ова е вториот по ред од серијата бесплатни онлајн вебинарикои ги организира Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT. Следуваат уште 2 вебинари во кои ќе бидат опфатени и други теми од сајбер-безбедноста.

Научете повеќе за тоа како да изградите подобрабезбедност на вашите веб-страници и апликации и како да се заштитите од потенцијални сајбер напади!Побрзајте и резервирајте го своето место!Регистрирајте се тука.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.