Како до вистинско празнично уживање за крајот на 2018-та

Празниците се на прагот. Новогодишните забави со пријателите, семејството, колегијалните собири, Божиќни коктел забави и многу, многу вкусна храна. Доколку внимавате на овие неколку препораки, ќе имате прекрасни новогодишни празници, а воедно и ќе го задржите вашето тело во здрава состојба.
Одберете чаша вино, наместо други алкохолни пијалоци


Една чаша вино (1 дл.) содржи 85 калории, додека еден „шот“ од ликер кој најчесто е измешан со други засладени пијалоци, содржи 140 калории. Виното е всушност и здраво бидејќи содржи железо, магнезиум, потасиум и антиоксиданси. Од другите алкохолни пијалоци, водката содржи најмалку калори, па доколку сакате да се напиете нешто друго, водката е веројатно најдобриот избор.
Користете цимет, стевија или портокал за да го засладите пијалокот.
Избегнувате го белиот шеќер. Преку десертите и традиционалната храна која ја консумирате за време на празниците вие внесувате доволно шеќери, така што не е потребно да додавате повеќе шеќер во пијалоците. За да го зачините вашиот пијалок, може да користите стевија, цимет или пак некоја овошка која ќе го заслади истиот.


Јадете помали порции и не прескокнувајте оброк
Доколку сте решиле да скршнете од планот на исхрана или диетата која ја практикувате, потрудете се тоа да биде во помали количини. Во секој случај, доколку добро го избалансирате „прекршокот“ со останатите оброци во текот на денот, нема потреба да се грижите за последиците, секако доколку истото не се случува секојдневно.
Пијте повеќе вода за време на прославите
Пред се водата ќе ви направи чувство дека сте сити, а потоа и ќе ве заштити од главоболки или мамурлук по забавите, бидејќи водата го намалува влијанието на алкохолот врз телото.


Не заборавајте…
Една луда ноќ нема да го уништи трудот кој сте го вложиле во одминатиот период. Сепак, доколку таа луда ноќ се повтори повеќе пати во месецот, тогаш веројатно ќе има некакви последици. Бидете умерени, но дозволете си и некое мало уживање. Сепак секое животно патување треба да биде и уживање се до постигнување на целта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.