Како изгледа подврзување на желудник: Хит зафат за слабеење кој го припишуваат на многу луѓе

Ефикасното слабеење со силиконски прстен на желудникот е оперативен зафат кој последните години е светски тренд. На овој зафат – gastric banding – кој ефикасно отранува килограми се решиле многу познати личности како Марадона, Шерон Озборн и Мараја Кери, а зафатот се спроведува и во некои клиники во земјата.
Наводно оваа хируршка интервенција веќе ја направил „шоуменот“ Бојан Јовановски –Боки 13, првоосомничениот во најновата истрага на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кој е близок пријател на Јанева, која по избувнување на скандалот „исчезна“, а медиуми известуваат дека по наговор на Боки 13 и таа се решила вака да ги отстрани вишокот килограми.

По неофицијалните информации дека на ваков оперативен зафат подлегнала и шефицата на СЈО, Катица Јанева, подробности како изгледа тоа објавува „Женски магазин“.
Во недостиг на релевантни информации каде е и од што боледува шефицата на СЈО која поднесе оставка и не се појавува во јавност од минатата недела , јавноста поставува дузина прашања…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.