Како изгледа совршената жена во 2020 година?

Нашата слика за женско совршенство драматично се промени во последните 10 години отколку во претходните 100 години, пишува и National Geographic.
Се разбира мажите секогаш ќе останат заинтересирани за одредени физички особини и тоа од еволуциски причини, пишува Кокс.
„Младоликоста, широките колкови кои асоцираат на плодност, сјајната коса и чистата, нежна кожа, сето тоа асоцира на способноста на жената да забремени и храни дете кога ќе го роди. Универзалната привлечност во обликот на тело е поткрепена и во науката“, вели таа додавајќи го како пример изгледот на манекенката Кели Брук која по тие параметри е идеална.
Според студија од 2016 година на Универзитетот во Тексас, токму телото на Кели Брукс е совршено. Идеалните мерки се покажале 99-63-91, висина 168 сантиметри.
Дали во 2020 година телото на Кели се смета за совршено? И да и не.


Во текст за Daily Mail, Кокс тврди дека во 2020 година нема идеален тип на жени.
„Убавината е помалку во тоа како изгледате, а повеќе во тоа кој сте. Тоа што го зборувате, печатот на вашата личност. Нашата дефиниција на привлечно денес е многу повеќе од изгледот“, вели таа.
Друго истражување откри дека мажите повеќе сакаат жени со просечен изглед отколку „манекенски“ тип. Убавото лице секогаш е на листата желби на партнерот, оценета како поважна од доброто тело. Но, карактерот секогаш котира високо, па во 2020 година е на првото место.
Но, да не се лажеме, смета Кокс. Жените сè уште живеат по нереални стандарди за убавина, а сега прашањето е кој ги поставува? Ботоксот и пластичните операции се најпопуларни сега, а идеал за убавина се жени како сестрите Кардашијан, кои се препознатливи по естетските зафати.
„Instagram нè поттикнува на другите да ги презентираме идеалните фотографии од нашето тело и лице, да ги провлекуваме низ филтри. Поради тоа многу жени имаат проблеми со менталното здравје бидејќи не изгледаат како фотографиите кои ги гледаат на социјалните мрежи. Се приближуваме до општество во кое убавината би можела да биде многу повеќе од само физичкото. Но, сè уште не сме го постигнале целосно тоа“, вели Кокс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.