Како конечно да го преболите

Прекинот на една врска не ни малку пријатен. Но често е најдоброто нешто што може да се случи. Сузан Елиот, консултант за односи и автор на книгата ” Getting Past your Breakup” има совети за тоа како по прекинот да продолжите понатаму што е можно поскоро.
Прекинете секаков контакт со него – во спротивно тоа ќе ве држи во минатото. Избришете го од Фејсбук, и оддалечете се од заедничките пријатели.
Отпатувајте некаде – различно од местото каде што живеете. И дајте си време на сами себе, поминете неколку часа во сауна, удоволувајте си и уживајте.
Купете си нов вибратор – една работа која е ужасна после прекин на врската е недостаток од секс. Затоа купете си вибратор кој ќе ве задоволи повеќе одколку вашето поранешно момче.
Јадете повеќе салати – обидете се да вежбате и да се храните здраво. Така побрзо ќе се опоравите и ќе продолжите понатаму со својот живот.
Покажете го телото – извадете ја од плакарот облеката која ги истакнува сите ваши атрибути, и секој машки поглед насочен кон вас ќе ви ја зголеми самодовербата.
Договорете масажа – со самоугодување се ставате себеси во фокус, а не вашата пропадната врска.
Допуштете си да се исплачете – оставете си време пред спиење посветено на вашите длабоки емоции и доколку е потребно, исплачете се и олеснете си ја душата. Потоа припремете си купка и некоја добра книга за читање.
Вклучете го лаптопот – вашите пријатели се одличен ресурс за да го заборавите вашето поранешно момче, но кога ќе ви дојде да пишувате за него, направете го тоа, споделете го со некоја ваша пријателка, но не пречесто.
Исчистете го нередот – вратете му ја сета облека која останала кај вас, а неговите подароци ставете ги во една кутија и сместете ги во ормар. Подоцна одлучете дали ќе ги задржите за себе, или ке ги фрлите.
Тргнете го превезот од очите – многу девојки го идеализираат поранешниот партнер, па се фокусираат само на него и на неговите добри сосбини. Направете попис на лошите и добрите бособини на вашиот поранешен партнер за да добиете реална слика за него. Потоа, дајте му шанса на некое ново момче.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Прекинот на една врска не ни малку пријатен. Но често е најдоброто нешто што може да се случи. Сузан Елиот, консултант

Пронајдете не на следниве мрежи: